Услови за користење

Пристапот кон оваа мрежна страница и користењето на овде содржаните материјали и податоци подлежат на подолу наведените услови и на важечките законски и подзаконски прописи.

Секој понатамошен пристап и пребарување на содржина ќе се смета за безусловна согласност на наведените услови за користење дадена без ограничувањата со кои се ставаат надвор од сила сите претходни услови за користење на оваа мрежна страница склучени меѓу корисникот и ЈГЛ д.д. Податоците за лековите и медицинските производи што ЈГЛ д.д.  ги објавува на овие мрежни страници служат исклучиво како општи информации. Многу од наведените лекови и медицински производи се достапни исклучиво со рецепт издаден од лекар или од друг квалификуван здравствен работник.

Податоците за лековите и медицинските производи не се изнесуваат со цел да се дадат  целосни медицински информации или упатства за користењето на одделни производи. За совет во врска со секој конкретен здравствен проблем обратете се директно на вашиот лекар или на надлежниот здравствен работник. ЈГЛ д.д.  не поставува дијагноза ниту пак дава лични медицински совети за болеста и за начинот на лекување. За целосна медицинска информација за лековите кои се издаваат на рецепт обратете се на  лекарот кој се грижи за вашето здравје или на друг квалификуван здравствен работник. Содржината на упатството за лекот може да се разликуваат во одделни држави. Препорака е пациентите, лекарите и другите здравствени работници за специфични информации и насоки во врска со производите кои се регистрирани  во нивната земја да се обратат директно на локалните медицински установи и органи кои издаваат одобрение за пуштање во промет на лековите и на медицинските производи. Понатаму, важечките законски и подзаконски прописи во многу држави ја ограничуваат (или целосно ја забрануваат) можноста ЈГЛ д.д.  да обезбеди информации и/или директно да одговори на барањата за лековите кои се издаваат на лекарски рецепт. Меѓутоа, ЈГЛ д.д. , во согласност со важечките локални прописи ќе ги обезбеди бараните информации и/или доректно ќе одговори на барањата на квалификуваните здравствени работници.

Корисниците може слободно да ги пребаруваат овие мрежни страници, но содржините објавени на нив – вклучувајќи текст, слики, звучни и видеозаписи („информации“) – смее да се пребаруваат, преземаат или користат само за некомерцијални и лични потреби. Какво и да е копирање, репродукција, дистрибуција, промена, пренесување или пак употреба во комерцијали цели се дозволени само со експлицитно писмено одобрение од компанијата ЈГЛ д.д. Преземањето содржини е дозволено само со задржување и истакнување на известувањето за авторските права, односно предупредување за другите права на интелектуална сопственост со кои располага друштвото ЈГЛ д.д. или трети лица. Која и да е содржина на овие страници е заштитена  – освен ако не е поинаку наведено – со авторски и со други права на интелектуална сопственост, па секое користење кое отстапува од овие правни услови на користење е дозволено самоп со претходно писмено одобрение на друштвото ЈГЛ д.д. . ЈГЛ д.д.  со ова исклучува секаква законска одговорност за кршење на авторските права кое би можело да произлезе од  пристапот и користењето на содржините над кои постои авторско право на трети лица кои не се поврзани со компанијата ЈГЛ д.д. Освен претходно наведеното ограничено право на користење, се потразбира дека со пристапот кон овие страници корисниците не стекнуваат никакви авторски или други права со користење на содржините заштитени со авторски права во сопственост на компанијата ЈГЛ д.д.  или на трети лица.

Сите називи на производите, објавени на овие страници, се заштитени жигови во сопсвтеност на компанијата ЈГЛ д.д.  и/или на трети лица.  На овие страници може да бидат објавени и информации за патентите, технолошките постапки, производите, процесите, потоа заштитени доверливи податоци и информации за други права на интелектуална сопственост на компанијата ЈГЛ д.д.  или на трети лица. Се подразбира дека со пристапот до овие страници корисниците не стекнуваат право на користење на жиговите, патентите, деловните тајни, технолошките постапки, податоците за производите, за процесите и за другата интелектуална сопственост на друштвото ЈГЛ д.д.  или на трети лица.

Иако ЈГЛ д.д.  презема соодветни мерки за сите објавени информации да бидат точни и ажурни, можни се технички непрецизности и печатни грешки.  ЈГЛ д.д.  го здржува правото на измени, корекција/дополнение на објавените информации за производите и услугите во кое и да е време и без претходна најава. ЈГЛ д.д.  не дава гаранција за правото на приговор на точноста на информациите. ЈГЛ д.д.  не презема никаква правна одговорност за грешките или пропустите во содржината на овие страници.  ЈГЛ д.д.  не дава гаранција за точноста, целосноста или корисноста на објавените информации. Корисникот експлицитно го прифаќа користењето на овие страници на сопствена одговорност. Ниту ЈГЛ д.д. ниту неговите поврзани друштва нема да одговараат за директната, случајната, последичната, индиректната или казнената одговорност која би можела да произлезе од пристапот и користењето или од неможноста за користење на овие страници, односно поради каква и да е грешка или пропуст во содржината. ЈГЛ д.д.  не гарантира дека овие страници не содржат вируси и не презема никаква правна одговорност за штетите во компјутерските системи или во другиот имот на корисникот како резултат од пристапот и користењето на овие мрежни страници и складирани содржини, односно како резултат од преземњето содржини. ЈГЛ д.д.  го задржува правото во секое време и без претходна најава или каква и да е одговорност да ги укине овие мрежни страници.

Освен информациите кои се дефинирани со условите за заштита на личните податоци, за секоја корисничка порака или содржина примена по електронски пат или на друг начин, вклучувајќи ги податоците, барањата, коментарите, предлозите и слично ќе се смета дека не претставуваат доверливи ниту пак заштитени податоци и дека испраќачот нема авторско право над нив. Сите примени содржини на корисниците стануваат сопственост на компанијата ЈГЛ д.д.  и нејзините поврзани друштва и може да се користат во која и да е цел којашто вклучува, но не е ограничена на репродуцирањето, преземањето, дистрибуирањето на трети лица, на објавувањето, емитирањето или поставувањето на мрежните страници. Понатаму, ЈГЛ д.д. го задржува правото да ги користи, без надомест, сите идеи, концепти, знаења поврзани со процедурите и сите техники содржани во пораките на корисниците во која и да е цел, којашто вклучува, но не е ограничена на развојот, производството или маркетингот на производот со помош на информациите содржани во таквите пораки.

Информациие и содржините кои се наоѓаат на овие мрежни страници не може да се сметаат за понуда или повик за купување или вложување во кој и да е имот или право.

ЈГЛ д.д.  не е запознаен со содржината на мрежните страници на трети лица кои содржат линкови на овие страници и не презема никаква одговорност за тие содржини, ниту пак за содржините на кои и да е други поврзани страници.  Корисниците кои тоа го сакаат може да се поврзат само со почетната страница на компанијата ЈГЛ д.д. . Корисниците не може да се поврзат со ниедна друга страница без претходно писмено одобрение од компанијата ЈГЛ д.д. . Користењето и наведувањето на содржината складирана овде или на дел од содржината на мрежните страници на трети лица е дозволено исклучиво со претходно писмено одобение на компанијата ЈГЛ д.д. .

Поради потребите на корисниците овие мрежни страници може да содржат линкови на мрежни страници на трети лица. Условите за користење на содржините на мрежните страници  и политиката на заштита на личните податоци на трети лица може да се разликуваат од условите за користење на лични податоци на компанијата ЈГЛ д.д.. ЈГЛ д.д. не презема никаква одговорност за линковите на немрежната страница на трети лица, а особено   не дава никакви гаранции во поглед на точноста на нивната содржина, односно соодветноста со законот. ЈГЛ д.д.  не одговара за прекршоците или пропустите во политиката на заштита на личните податоци на трети лица.

Иако ЈГЛ д.д.  повремено ги следи и ги анализира посетите на овие страници, расправите, размените, преносот на податоци, огласувањето и слично, ЈГЛ д.д.  нема законска обврска  да ги следи посетите ниту пак дава гаранција или право на приговор на нивната содржина и не презема одговорност за грешките, клеветите, навредливите изјави, јавните напади, пропустите, лажните информации, опсцените, порнографските и вулгарните содржини, заканите, откривањето на лични податоци или неточности во корисничкие содржини на овие мрежни страници. На корисниците им е забрането поставувањето и дистрибуирањето на материјали и на содржини кои би можеле да поттикнат однесување кое повлекува казнена или граѓанска одговорност или на некој друг начин го крши саконот. ЈГЛ д.д.  во целост ќе соработува со надлежните органи, а во случај на судски налог ќе го открие идентитетот на корисникот кој поставил такви содржини и материјали на мрежните страници.

Во случај на кршење на условите и одредбите наведени во правните услови, ЈГЛ д.д.  го задржува правото без одложување да ги преземе сите потребни мерки против  прекршителот, да го лиши прекршителот од правото на пристап до услугите на компанијата ЈГЛ д.д.  и во секое време и без претходна најава да ги отстрани сите информации, податоци и содржини што ги поставил прекршителот. Ако од кршењето на условите наведени во условите на користење на содржината на мрежните страници произлегла штета за ЈГЛ д.д., ЈГЛ д.д.  има право според сопственото расудување да побара од прекршителот надомест на настанатата штета.

ЈГЛ д.д. може во секое време и без најава да ги промени или да ги ажурира условите за користење на содржините на мрежните страници. Бидејќи промените се обврзни за корисниците, им препорачуваме на сите посетители редовно да ги следат сите промени на условите и одредбите за користење кои ќе бидат објавени на овие страници. Со регистрацијата, т.е. со отворањето на корисничката сметка на интернет страницата JGL.hr се смета дека корисникот во целост ги прочитал овие услови за користење, и дека се согласил со нив. За толкувањето, примената и правните ефекти на условите за користење на интернат страницата JGL.hr меродавно е правото на Република Хрватска, а за сите барања и спорови кои би насталане како резултат на користењето на страницата  JGL.hr или во врска со нив, вистински надлежен е судот во Риека.