Превенцијата носи здравје

Здраво дишење

Дишењето значи живот. Човекот може да живее неколку дена без храна и вода, но само неколку минути без дишење.

Носот е почетниот дел од респираторниот систем и има заштитна улога при вдишување на воздух во телото. Неговата површина е покриена со микроскопски влакна (трепки) кои се во постојано движење во правец на фаринксот, отстранувајќи ги насобраните нечистотии. Вирусите, бактериите, алергените се „исфрлаат“ на овој начин, со што се спречува развојот на болести. Секој ден носот на овој начин „филтрира“ 15.000 литри воздух.

Ако болеста навистина се појави, нe очекува непријатно шмркање и кивање. Со лачење на голема количина слуз и рефлекс на кивање, телото ги исфрла патогените од дишните патишта, што е дел од процесот на лекување.

Со овој природен механизам во носот, телото ги штити дишните патишта од болести и оштетувања. Правилната хигиена е од суштинско значење за нивно нормално функционирање. Чистењето на носот е особено важно наутро, како подготовка за денот и пред спиење, бидејќи најчесто дишеме преку нос навечер. Кога го секнете носот, секогаш користете хартиени марамчиња за еднократна употреба, а не класични марамчиња направени од материјали кои се перат, како можен извор на инфекција.

Грлото и оралното здравје

Усната шуплина и фаринксот се почетниот дел од дигестивниот систем, но и дел од респираторниот систем. Чувството на сувост во устата е предизвикано од недоволна количина плунка во усната шуплина, честопати поради дишење на уста кога носот е блокиран, што последователно може да доведе до болки во грлото. Дисфункција на плунковните жлезди, исто така, може да биде причина за сувост.

Лошиот здив е непријатна тема. Најчеста причина е акумулација на остатоци од храна помеѓу забите и мртвите клетки на јазикот, поради несоодветна орална хигиена или недоволно плунка. Пушењето, консумирањето алкохол и зачинета храна дополнително ја влошуваат состојбата.

Болката во грлото може да биде предизвикана од воспаление на грлото или крајниците. При акутно воспаление, доминантен симптом е болка во грлото, особено при голтање, а предизвикано е од бактерии или вируси. При хронични состојби, болката е помалку интензивна, но долготрајна, често придружена со сува иритирачка кашлица. Најчесто се поврзува со хронична опструкција на носот, сув воздух, изложеност на прашина или  со воспаление на соседните органи, како што се параназалните синуси.

Воспалението на усната шуплина може да биде предизвикано од термички или механички дразби, предизвикани од внесување топла или цврста храна, но може да биде предизвикано и од патогени микроорганизми, бактерии или вируси. Жарење, зголемена саливација, појава на ранички…. се некои од симптомите кои го придружуваат таквото воспаление.

Бебиња и мали деца

Затнат нос кај бебињата е голем проблем бидејќи бебето не знае како да дише преку устата. Кај бебето рефлексно тече носот и на тој начин повремено го чисти носот, но кај затнат нос тоа не е доволно. Правилното дишење е важно за растот и напредокот на детето, неговото нормално хранење и мирен сон во текот на ноќта, така што секојдневната хигиена на носињата на бебињата е исклучително важна.

Детето не знае како да го секне носот во првите месеци од животот и обично му е потребна помош од родителите за хигиена до четири или петгодишна возраст. Научете го вашето дете како да го секне носот, покријте го носот со хартиено марамче и притиснете ја една ноздрва, потоа кажете му да ја затвори устата и да дува. Повторете ја постапката со затворање на другата ноздрва. Важно е да го исчистите носот барем наутро и навечер, а за полесно чистење, користете спреј Aqua Maris пред постапката. Научете го вашето дете на правилна хигиена на носот од рана возраст, што ќе ги намали неговите или нејзините респираторни заболувања!


References

  1. Munkholm et al. Mucociliary clearance: pathophysiological aspects. Clin Physiol Funct Imaging (2014) 34, pp171–177
  2. Addey et al. Incidence, causes, severity and treatment of throat discomfort: a four-region online questionnaire survey. BMC Ear, Nose and Throat Disorders 2012, 12:9
  3. Chirico et al. Nasal congestion in infants and children: a Literature review on efficacy and safety of non-pharmacological treatments. Minerva Pediatr. 2014;66:549-57
  4. Coates et al. Nasal Obstruction in the Neonate and Infant. cpj.sagepub.com Florida International Univ. 2015