Моќта на морето

Целиот жив свет започнал од морето, па затоа и не изненадува тоа што се враќаме кон морето кога сакаме да го обновиме своето здравје.

Одамна знаеме дека морската вода лекува, а нејзините лековити својства JGL ги унапредува преку иновативна технологија повеќе од 20 години.

Нашите експерти ја препознаа единствената терапевтска моќ на Јадранско Море и ја преточија во Aqua Maris®, производ со значително влијание и помош во придвижување на глобален здравствен тренд. Денес, Aqua Maris® нуди широка палета на препарати за проблеми со носот кои ги користат повеќе од сто милиони луѓе ширум светот.

7-14% побогат состав од просекот за морските води
> 20 m длабочина на која се црпе морска вода

Единствен извор

Само најчиста морска вода за чист нос

Ние собираме морска вода за производите Aqua Maris® далеку од секакво загадување, во близина на националниот парк Северен Велебит во Хрватска.

Чистотата на оваа морска локација е потврдена од УНЕСКО, а причината за нејзините натпросечни лековити својства лежи во вливот на планинските реки богати со природни соли и минерали.

Покрај одговорниот пристап кон здравјето на нашите пациенти, ние сме одговорни и кон природата. Ние го спроведуваме процесот на црпење вода без да го загрозиме екосистемот.

Напреден погон

Природа збогатена со човечки придонес.

Дури и најчистата морска вода ги губи своите корисни својства по еден ден складирање. За да се одржат лековитите својства на морската вода, неопходно е да се примени технолошки изискателен процес на бактериолошка ултрафилтрација.

Преку бројни фази на филтрација во целосно стерилни услови, добиваме совршено чиста вода со зачувани микроелементи и подобрен терапевтски ефект. Овој долготраен процес бара најсовремена технологија, поради што JGL погоните континуирано се развиваат и прошируваат.

Посветуваме особено внимание на употребата на природни материјали, рециклирање и употреба на системи за прочистување за зачувување и заштита на животната средина.

Примена и делување

Aqua Maris® има широка и разновидна примена - од секојдневна нега, превенција од настинки и третман на хронични заболувања на грлото до нега во постоперативниот период.

Повеќе за корисниот ефект

Калциумот (Ca) и магнезиумот (Mg) ја зголемуваат отпорноста на слузницата од продор на вируси и бактерии. Тие дејствуваат како филтри, го чистат од прашина и хемикалии воздухот што влегува во белите дробови. Ова е особено важно за жителите на големите градови и индустриските зони, како и за луѓето што работат во ризично опкружување.

Цинк (Zn) и селен (Se) го стимулираат локалниот имунитет на грлото (фаринксот) и слузницата на параназалните синуси, што им помага на сите кои чувствуваат сувост и непријатност во носната слузница додека престојуваат во климатизирани простории или простории со централно греење.

Јод (I) и натриум хлорид (NaCl) го активираат производството на назална слуз во специјални клетки и на тој начин ја зголемуваат влажноста на вдишаниот воздух.

од капка до Aqua Maris