Baby спреј

100% природен спреј за нос

Изотонична морска вода богата со соли и олигоелементи, ги измива бактериите, вирусите и нечистотиите од носот на бебето.

50 ml раствор во шишенуе со микрораспрскувач посебно прилагоден на бебешкото носе.

Состав

Растворот содржи морска вода од Јадранско Море богата со соли и олигоелементи.Олигоелeментите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.

Без конзерванси.

Кога и како да се користи Aqua Maris® Baby спрејот за нос?

Aqua Maris® Baby co анатомски апликатор посебно е прилагоден на носниците на новороденчињата, го олеснува отстранувањето на насобраниот секрет, ги елиминира инфективните честички, прашината, алергените и нечистотиите. Со тоа се одзатнува носето, истовремено се навлажнува и обновува  слузницата на носот.

Aqua Maris® Baby спрејот за нос се препорачува:

  • за секојдневна хигиена на носот,
  • пред доење или хранење со шишенце,
  • при настинки и алергии,
  • како помош при воспаление на уво, заедно со останатата терапија препорачана од лекар,
  • при сувост на носот поради престој во климатизирани или силно загреани простории
  • пред употреба на лекови (капки или спрејови) за нос.

Aqua Maris® Baby спрејот за нос се распрскува во секоја носница 2-6 пати дневно, а по потреба и повеќе.

По употреба, апликаторот треба да се измие и исуши.

За омекнување и отстранување на поголеми количини на нечистотии и секрет од носната шуплина Aqua Maris® Baby спрејот за нос треба обилно да се распрска во секоја носница. Постапката може да се повторува додека содржината не омекне така што може лесно да се отстрани од носот.

Бидејќи Aqua Maris Baby ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски дејства, прикладен е од најрана возраст. Погоден е за секојдневна употреба. Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.

Намена

Дишењето низ нос е единствениот исправен начин на дишење, што е особено важно за растот и развојот на детето, поради тоа на хигиената на носот треба да се внимава уште од раѓање.

Сув нос, насобрана нечистотија, секрет или оток на слузницата ќе ја намали проодноста на носот и кај детето ќе предизвика немир, плачливост и раздразливост што ќе го наруши мирниот сон и хранење.

Затнат нос за време на настинка или алергија може да се одрази и на здравјето на целокупниот систем за дишење. Морската вода богата со минерали и олигоелементи благотворно делува на слузницата на носот, потпомагајќи ги природните механизми на нејзино чистење.

Напомена

Надворешниот контејнер е наполнет со инертен потисен гас (азот) кој не доаѓа во допир со морската вода. Боцата е под притисок, може да пукне под дејство на топлина. Да не се пробушува, ниту пали дури и после употребата. Да се чува подалеку од топлина, врели површини, искри, отворен пламен или било кој друг извор на пламен. Заштитете го од сончева светлина и не изложувајте го на температури повисоки од 50°С/122°F.

Производот да се чува на места недостапни за деца.

Производот не треба да се користи по истекот на рокот на употреба.