Classic

100% природен спреј за нос

Благотворна морска вода од Јадранот која навлажнува и го чисти сувиот и надразнет нос со што овозможува долготрајна нега на иритираната и сува слузница на носот. Погоден е за секојдневна употреба.

30 ml изотоничен раствор (200 дози) без конзерванси во пластично шишенце со дозирна апликаторска пумпица

Состав

Растворот содржи морска вода од Јадранско море богата со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.

Без  конзерванси.

Намена

Функционирањето на носната слузница и нормалното дишење зависи од навлаженоста на слузницата. Aqua Maris® Classic навлажнува и ја чисти слузницата на носот, истовремено и ја обновува на слузницата на носот.

Производите Aqua Maris® се базираат на природна вода од Јадранско море и содржат широк спектар на вредни минерали и микроелементи.

  • Калциумот (Ca) и магнезиумот (Mg) ги подобруваат метаболичките процеси со активирање на подвижноста на цилијарните клетки. Тие и помагаат на носната слузница во самочистење и на тој начин спречуваат акумулација на потенцијално штетни бактерии и вируси.
  • Цинкот (Zn) и селенот (Se) го стимулираат локалниот имунитет на грлото и параназалните синуси.
  • Јодот (I) и натриум-хлорид (NaCl) активираат производство на заштитна назална слуз и ја зголемуваат влажноста на вдишениот воздух.

Го влажи и штити носот

Ја навлажнува и штити слузницата на носот, ја одржува нејзината физиолошка состојба и ја храни со корисни микроелементи.

Ги измива вирусите и бактериите

Со своите благотворни својства ги елиминира вирусите, бактериите, честичките прашина…

Морска вода за забава без настинка и грип

Единствениот состав на минерали и микроелементи од јадранската морска вода на едноставен и делотворен начин го зајакнува локалниот имунитет и ја зголемува отпорноста на организмот.

Кога и како да се користи Aqua Maris® Classic спреј за нос?

  • 3а одржување на секојдневна хигиена на носот се распрскува 1 до 2 пати во секоја носница. Постапката може да се повторува повеќе пати дневно во тек на подолг период.
  • Кај сув и надразнет нос предизвикан од престој во изменети микроклиматски услови, како што е поизразена сувост на воздухот (климатизирани простории) или онечистување на воздухот, при брзи промени на температурата и квалитетот на воздухот ( на пример при патување), да се распрсне Aqua Maris® Classic спреј за нос 3 до 4 пати во секоја носница, по потреба.

Како се користи Aqua Maris® Classic

  • Деца од 1-2 години: 1-2 дози 1-3 пати на ден во секоја носница.
  • Деца од 3-6 godina: 2 дози 2 пати на ден во секоја носница.
  • Возрасни: 2-3 дози 3-6 пати на ден во секоја носница.

Бидејќи Aqua Maris® Classic ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски ефекти, погоден е за деца, трудници и доилки. Поради својата нежност погоден е за секојдневна употреба.

Aqua Maris® Classic е изотоничен раствор на морска вода во дозиран спреј кој овозможува рамномерно локално влажнење на слузницата на носот. Aqua Maris® ја збогатува слузницата со минерали и микроелементи од Јадранско море кои имаат стимулативно дејство и го поттикнуваат природниот имунитет, ги измива бактериите и вирусите.

Зошто треба да користиме Aqua Maris® за превенција на настинка и грип?

  • Ја влажни слузницата на носот и ја одржува нејзината физиолошка состојба.
  • Ги елимимира вирусите, бактериите, честичките прашина…
  • Ја храни слузницата со корисни микроелементи.
  • Го зајакнува локалниот имунитет: ја зголемува отпорноста на вируси и бактерии.

Сите овие корисни својства се можни поради присуството на единствени минерали и микроелементи од јадранската морска вода.

Индикации за употреба на производите Aqua Maris®:

Пред и по, како и во тек на посета на јавни места (детски градинки, училишта, канцеларии, поликлиники, јавен превоз…).

Пред и по контакт со пациенти болни од вирусни забоувања.

Напомена

Нема посебни услови на чување. Да се чува на места недостапни за деца. Немојте да го користите производот по истекот на рокот на траење.