Clean

100% природен спреј за нос

Растворот содржи морска вода од Јадранско Море богата со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта. Без конзерванси.

50 ml раствор во шишенуе со микрораспрскувач

Состав

Изотонична морска вода која ги измива бактериите, вирусите и нечистотиите од носот со што се овозможува проодност на горните дишни патишта.

Намена

Нормалното дишење зависи од состојбата на слузницата на носот. Насобирање на честички прашина, алергени, бактерии и вируси на носната слузница ја оневозможува нејзината природна функција. Настинките, алергиите, грипот и низа други состојби предизвикуваат зголемена секреција, оток на слузницата на носот и насобирање на секрет во носот, што дополнително го отежнува дишењето. Морската вода поради содржината на минерални соли има благотворно дејство на слузницата на дишните патишта.

Кога и како да се користи Aqua Магiѕ© Clean спрејот за нос?

Aqua Maris® Clean co посебно обликуван апликатор го испира секретот, честичките прашина, бактериите, вирусите и алергените од носот. Се препорачува на лица кои страдаат од алергии и настинки, како и на лица изложени на честички прашина и останати нечистотии.

Aqua Maris® Clean ce распрскува во секоја носница 1-2 пати дневно, неколку пати на ден (2-6 пати), според потребите и повеќе.

По употреба, да се измие апликаторот и да се исуши.

Поради својата нежност погоден е за секојдневна употреба како помош во одржување на проодноста на носот.

Бидејќи u Aqua Maris® Clean ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски дејства, погоден е за употреба кај  за деца, трудници и доилки.

Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.

Напомена

Надворешниот контејнер е наполнет со инертен потисен гас (азот) кој не доаѓа во допир со морската вода. Боцата е под притисок: може да пукне под дејство на топлина. Да не се пробушува ни пали дури и после употребата. Да се чува подалеку од топлина, врели површини, искри, отворен пламен или било кој друг извор на пламен.  Да се заштити од сончева светлина и да не се изложува  на температури повисоки од 50°С/122°F. Производот да се чува на места недостапни за деца. Производот не треба да се  користи по истекот на рокот на употреба.

Инструкции за рециклирање

Природата е секогаш тука за нас кога бараме здравје, мир и релаксација.
Нека така и остане.

Помогнете ни да рециклираме со фрлање на пакувањето во назначените контејнери.

шишенце

пластика

апликатор

пластика

капаче

пластика

брошура

хартија

кутија

хартија