Бебе

100% природни капки за нос

Изотонична морска вода од Јадранско Море за дневна нега и хигиена на носот. Aqua Maris® Бебе капките за нос ја одржуваат проодноста на горните дишни патишта уште од првиот ден

10 ml раствор без конзерванси во шишенце со капалка

Состав

Растворот содржи морска вода од Јадранско Море, богата со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржувањето на нормалната функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта. Без конзерванси.

Намена

Дишењето преку носот е единствениот правилен начин на дишење и истото е важно за растот и развојот на детето, па поради тоа на хигиената на носот треба да се внимава  уште од раѓање. Сув нос, насобрана нечистотија, секрет или отечена слузница ќе спречат поминување на воздух низ носот и  ќе предизвикаат немир кај детето, плачливост и раздразнетост, но и ќе  му го нарушат мирниот сон и исхраната. Затнатиот нос во тек на настинка или алергија може да се одрази и на здравјето на останатите дишни патишта и ушите. Морската вода благопријатно делува на слузницата на носот, потпомагајќи ги природните механизми за нејзино чистење.

Кога и како да се користат Aqua Maris® Бебе капките за нос?

Aqua Maris® Бебе капките за нос го чистат и навлажнуваат носето со истовремено обновување на слузницата.

Aqua Maris® Бебе  капките се препорачуваат:

  • за секојдневна хигиена на носот,
  • при доење или хранење со шишенце,
  • при настинка и алергија,
  • како помош при воспаление на увото, со останата терапија препорачана од лекар,
  • кај сувост на носот при престој во климатизирани или мноry загреани простории како и
  • пред употреба на лекови (капки или спрејови) за нос.

Во лежечка положба да се капне по 1 капка во секоја носница. Постапката може да се повтори неколку пати на ден и во текот на подолг период.

За омекнување и отстранување на поголеми количини на нечистотија и секрет од носната шуплина, Aqua Maris® Бебе капките за нос треба обилно да се накапат во секоја носница. Постапката може да се повторува се додека содржината не омекне доволно за да може лесно да се отстрани од носот.

Бидејќи Aqua Maris® Бебе капките за нос ја поддржуваат физиолошката состојба на слузницата и немаат систематско делување прикладни се за секојдневна употреба уште од првиот ден на животот. Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.

Рок на траење

Наведен е на пакувањето. Содржината на шишенцето да се искористи во рок од 3 дена по првото отворање.

Забелешка

Производот да се чува на температура до 25°С во оригиналното пакување. Да се чува надвор од поглед и дофат на деца.

Инструкции за рециклирање

Природата е секогаш тука за нас кога бараме здравје, мир и релаксација.
Нека така и остане.

Помогнете ни да рециклираме со фрлање на пакувањето во назначените контејнери.

шишенце

пластика

брошура

хартија

кутија

хартија