Aqua Maris® Talasoterapija природна морска сол од Јадранот со повеќе од 80 минерали, збогатена со етерични масла од мирта и смил, наменета е за користење со Aqua Maris® Talasoterapija систем за измивање на носот и синусите. Со измивање се чисти носот и се отстранува вишокот секрет, а постапката е удобна и едноставна.
Пакувањето содржи анатомски обликуван сад за измивање на носот и синусите + 30 кесички сол по 2,97g природна морска сол од Јадранот, етерични масла од мирта и смил.
Пакувањето содржи 30 кесички сол по 2,97g природна морска сол од Јадранот, етерични масла од мирта и смил.
Морска сол, етерично масло од мирта, етерично масло од смил.
Содржината на една кесичка растворена во Aqua Maris® садот за измивање на носот и синусите ( до соодветната ознака) одговара на изотоничен раствор од 320 ml. Волуменот на садот е доволен за измивање на двете носници.
Без конзерванси.
Подготвениот раствор на морска сол во вода, поради богатството на минерали и додатокот на етерични масла од мирта и смил, благотворно делува на слузницата на носот, а садот за измивање со својот анатомски облик овозможува едноставно, удобно и ефикасно измивање на носот и синусите.
Aqua Maris® Talasoterapija систем за измивање на носот и синусите наменет е за:
Лицата кои имаат потешкотии со синусите и алергиите, постапката на измивање може да ја повторуваат неколку пати седмично.
За спортистите и рекреативците се препорачува измивање на носот пред физичка активност, а при отежнато дишење по потреба.
Збогатената морска сол од кесичката се става во садот за измивање, се додава провриена па изладена, млака вода (околу 37 °C) до ознаката на садот, се проклумкува и над мијалник се измиваат носот и синусите на следниот начин:
Навалете ја главата кон напред во „висечка„ положба и дувнете низ истата носница.
Исправете се и ,,издувајте„ ја носницата во исправена положба.
Повторете ја постапката и со спротивната носница
По измивање на носот, ќе се чувствувате енергизирано и свежо.
По употреба садот за подготовка на раствор за измивање треба да се измие со млака вода и убаво да се исуши.Садот е наменет за повеќекратна употреба ,не треба да се мие во машина за миење садови.
Неправилна положба на телото, главата или садот за измивање може да оневозможат истекување на растворот надвор или да предизвикаат истекување на истиот во устата или грлото.Во таков случај корегирајте ја положбата според упатството и продолжете со измивање на носот.
Нема посебни услови на чување.
Да се чува надвор од поглед и дофат на деца.
Производот не треба да се користи по истекување на рокот на употреба.
Природата е секогаш тука за нас кога бараме здравје, мир и релаксација.
Нека така и остане.
Помогнете ни да рециклираме со фрлање на пакувањето во назначените контејнери.
сад
пластика
кесичка
пластика
брошура
хартија
кутија
хартија