4Allergy

100% природен спреј за нос

Антиалергиски спреј за нос со природна состојка ектоин наменет за превенција и ублажување на симптомите на алергиски ринитис. Со извонреден сигурносен профил и клинички докажана ефикасност, соодветен е за употреба кај  деца од најрана возраст и возрасни.

20 ml течност во иновативен, патентиран и микробиолошки заштитен систем кој не дозволува влез на воздух во шишенуето.

Состав

Ектоин® 2%, морска сол, вода прочистена.

Без конзерванси.

Кога и како qa се употребува Aqua Maris® 4Allergy спрејот за нос?

Aqua Maris® 4Allergy спрејот за нос се користи за:

  • ублажување на симптомите на алергиски ринитис како што се чешање во носот, течење на носот, кивање и затнувањето на носот
  • нега и заштита на епителот на носната слузница при зголемена изложеност на организмот на разни алергени како што се полен и домашна прашина
  • превентивна употреба, во текот на целата година.

Aqua Maris® 4Allergy дозираниот спреј за нос се распрскува 1-2 пати во секоја носница неколку пати на ден. Бидејќи Aqua Maris® 4Allergy спрејот за нос ја поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системско дејство, соодветен е за деца од најрана возраст и возрасни.

На деца помали од 10 години потребна им е помош од родител при користење на производот.

Со оглед на јачината на симптомите може да се употребува самостојно или во комбинација со други антиалергиски производи. Вообичаениот период за употреба е во текот на сезоната на алергии, но и пред и по изложеност на организмот на алергени надвор од сезона.

Пред првата употреба отстранете го заштитното капаче и притиснете ја пумпицата 2-3 пати за да се ослободи воздухот.

Од хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.

Намена

Ектоинот е 100% природна состојка која се добива од екстремофилите. Екстремофилите се микроорганизми кои можат да преживеат во екстремно неповолни услови во околината, на пример исклучително висока и ниска температура, притисок, висока концентрација на сол, подрачја со високо УВ-зрачење.

За да се заштитат од тие штетни надворешни влијанија, екстремофилите синтетизираат ектоин.

Ектоинот на ист начин може да ги заштити човечките клетки од неповолните надворешни влијанија, како што се алергени и иританси.

Ектоинот на носната слузница создава заштитен филм ектоин-хидро-комплекс кој го спречува контактот на алергените и иритансите со клетките и со тоа ја ублажува алергиската реакција.

Алергените и иритансите не можат да се приближат на носната слузница и на тој начин полесно се отстрануваат од носот.

Благо хипертоничниот раствор дејствува така што го одзатнува носот на природен начин, а солите од морето ја обновуваат слузницата.

Чување

Да се чува на температура од 2°С до 25°С во добро затворено шишенце.

Да се чува надвор од поглед и дофат на деца.

Производот да не се користи по истекувањето на рокот на употреба.

Инструкции за рециклирање

Природата е секогаш тука за нас кога бараме здравје, мир и релаксација.
Нека така и остане.

Помогнете ни да рециклираме со фрлање на пакувањето во назначените контејнери.

шишенце

стакло

апликатор

пластика

брошура

хартија

кутија

хартија