Политика на приватност

ЈАДРАН – ГАЛЕНСКИ ЛАБОРАТОРИЈ д.д., Свилно 20, 51000 Риека (во понатамошниот текст: ЈГЛ) ги обаботува личните податоци на корисниците на своите услуги и посетителите на страницата www.jgl.hr во согласност со важечките прописи со кои е регулирана заштитата на личните податоци (Општа уредба за заштита на податоците 2016/679). JГЛ д.д. ги собира и обработува личните податоци законски, чесно и транспарентно, во согласност со важечките прописи.

ЈГЛ д.д. ги штити личните права на секој поединец чиишто податоци ги обработува, вклучувајќи ги вработените, клиентите, добавувачите и другите договорни партнери, заинтересираните страни и др. без оглед на начините и методите со кои се дошло до таквите лични податоци. Поради тоа ЈГЛ д.д. ги дефинираше стандардите на безбедност за обработка, складирање и пренос на лични податоци за да се обезбеди соодветна заштита  на личните податоци и правата на сите испитаници.

Податоците кои се собрани во псебни, експлицитни и законски цели ќе се собираат исклучиво во оној опсег во кој тоа е потребно и ќе се обработуваат на начинот кој е во согласност со тие цели. Собраните податоци ќе се чуваат онолку долго колку што е потребно со оглед на целта на собирањето и ќе се бришат по исполнувањето на нивната цел.

Сите вработени во компанијата ЈГЛ д.д. се запознаени со условите на тајноста на податоците и смеат да ги обработуваат само оние кои се овластени за обработка на определени податоци и не смеат да ги направат достапни на кое и да е неовластено лице. За неовластени лица се сметаат и вработените на кои пристапот до тие информации не им е потребен за исполнвиање на работните обврски.

СОБИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ

ЈГЛ д.д. може, според сопственото мислење и без претходна најава, да ги измени, преиначи, дополни, отстрани или пак на кој и да е друг начин да ги ажурира овие услови за заштита на личните податоци. Сите промени ќе бидат објавени на овие мрежни страници за сите корисници да бидат во целост запознаени со видот лични податоци кои с есобираат. Со начинот на користење и со условите под кои овие податоци може да се дадат на увид. Во случај на промена на овие услови, ќе ве известиме за тоа на оваа страница и ќе го ажурираме датумот на измена на истите.

За потребите на овие услови под поимот „личен податок” ќе се подразбира секој податок – име и презиме, електронска адреса, ИП адреса и сл. – односно сите податоци кои се однесуваат на поединецот чијшто идентитет е утврден и може да се утврди. ЈГЛ д.д. по правило не ги обработува личните податоци без одобрение на корисникот. Меѓутоа, ЈГЛ д.д. го задржува правото во вонредни ситуации да спроведе дополнителна обработка на податоци во опсегот кој е допуштен или пропишан со закон, односно како дел од правната постапка или казнената истрага. Во продолжение е детално опишано како и кога се собираат лични податоци на корисниците.

За пристап до повеќето од нашите услуги не е потребна никаква пријава/регистрација, па страниците може да се користат без откривање на идентитетот на корисникот. Меѓутоа, за пристап до некои услуги е потребно да се пријави/регистрира. При пријавувањето е потребно да се исполнат определени полиња (некои се пополнуваат задолжително, а други по желба).    Ако корисникот во таквите ситуации одлучи да не ги даде личните податоци што се бараат, нема да може да пристапи кон бараните страници, а ЈГЛ д.д. нема да може да одговори на неговото прашање/барање. Личните податоци се обработуваат исклуиво за целите за кои се собираат и за кои корисникот се известува и ја дава својата согласност во моментот на собирањето на податоците. На пример, ЈГЛ д.д. моќе да собира и да користи лични податоци на корисниците со цел за информирање за производите и услугите, испраќање промотивни пораки за другите производи и услуги кои би можеле да го интересираат корисникот и со цел за комуникација со корисниците.

Личните податоци се чуваат во согласност со важечките закјонски прописи и се бришат штом ќе се исполни целта за која се собираат, односно доколку корисникот тоа го побара.

Експлицитно изјавуваме дека ЈГЛ д.д. нема да продава, дели или на кој и да е друг начин, освен онака како што е уредено со овие услови, да ги отстапи личните податоци на корисникот на трети лица. Личните податоци на корисниците повремено ќе се даваат на трети лица кои се ангажираат за давање определени услуги во име или за ЈГЛ д.д. или пак во врска со други деловни активности на компанијата ЈГЛ д.д. за понатамошна обработка, чијашто цел е соодветна со првобитната цел на собирањето на податоците, како што е испораката на услуги на корисниците, анализата на услугите или техничката поддршка.  Тие даватели на услуги експлицитно се обврзуваат да ги користат личните податоци исклучиво во договорените цели и изричито изјавуаат дека нема да ги продаваат личните податоци на трети лица ниту пак ќе ги отстапуваат на трети лица освен во случај кога тоа го налагаат со закон пропишаните услови.. Во случај на отстапување на личните податоци на корисниците на трети лица, ЈГЛ д.д. ќе ги преземе сите можни мерки за податоците да се обработуаат искучиво за целите соодветни со целта на собирањето и во рамките во кои податоците првично се собирани.

Собраните лични податоци може да се отстапат на трети лица во уште два случаи: 1) ако деловната дејност на компанијата која управува со овие мрежни станици и со личните податоци на корисниците складирани на нив се продаде, додели или пренесе на трети лица, и во тој случај купувачот, правниот наследник или или лицето на кое се пренесува деловната активност се должни со личните податоци да постапуваат во согласност со овие услови; 2) поради законски пропишаните услови, судски налог или барање на државните органи, односно ако пткривањето на податоците е неопходно за целите на правна постапка или казнена истрага..

Корисникот има право да проверува дали неговите податоци се складирани на овие мрежни страници, ажурирани и точни. Корисникот, исто така, го има следниве права: има право на пристап до податоците кои се однесуваат на корисникот, на корекција или дополнение на личните податоци, бришење на личните податоци, ограничување на обработката на личните податоци, повлекување на согласноста за обработката на личните податоци, право на пренесливост на податоци како и право на поднесување приговори до надлежното тело односно Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку сакате во кој и да е момент да остварите некои од наведените права, испратете електронска порака на адресата osobni-podaci@jgl.hr. Во пораката наведете ја адресата на страницата на која сте ги дале своите лични податоци и означете кое право сакате да го остварите и во однос на кои лични податоци. Во согласност со важечките законски прописи со кои е регулирана заштитата на личните податоци секое барање/прашање ќе биде решено во најкус моќен рок. При контактот и поставувањето на анведените барања ќе вложиме разумни напори за да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неавторизирана обработка на личните податоци. Исто така, на ваше барање ќе ве известиме, во соодветниот рок, дали и кои ваши лични податоци ги имаме собрано во текот на вашите посети на нашата интернет страница. Барањата за бришење на податоци подлежат на важечките законски прописи и етичките стандарди за чување, известување и документирање на личните податоци.

За заштита на безбедноста и доверливоста на личните податоци на корисниците што ги собираме, ги користиме пропишаните безбедносни технологии и постапки, а податоците се заштитени и со лозинки. Во текот на обработката ги користиме сите потребни мерки за заштита на личните податоци од губење, злоупотреба, неовластен пристап, пренос, измена или уништување, како и сите потребни безбедносни мерки за да ги заштитиме личните податоци од наведентие опасности.

ЈГЛ д.д. може да собира и обработува анонимни податоци за простапот до своите мрежни страници и пребарувањата што ги вршат посетителите. Таквите анонимни податоци се користат со цел за подобрување на складираните содржини, односно за собирање статистички податоци за посетителите со цел за интерно истражување на пазарот. За таа цел мрежните страници на компанијата ЈГЛ д.д. користат колачиња (cookies) кои собираат податоци за електронската адреса на корисникот и за називот на доменот  (на пр. „bigmail.com” пд електронската адреса john@bigmail.com) како и за датумот и часот на пристапување до страниците. Колачињата што ги поставува нашиот мрежен сервер не може да се користат за откривање на идентитетот на одделните корисници. Колачето е малечка текстуална датотека што серверот на мрежните страници ја испраќа на прелистувачот и ја складира на хард дискот на компјутерот на корисникот. Колачињата не го оштетуваат компјутерот. Поставките на прелистувачот на корисникот може да се уредат така што прелистувачот го известува корисникот за испраќањето колачиња, при што корисникот може да одлучи дали ќе ги прифати или не. ЈГЛ д.д. може повремено да ангажира трети лица за помош при собирањето и обработката на податоците опишани во овој член, во тој случај третите лица ги преземаат обврските опишани во член 3. ЈГЛ д.д. може повремено да користи и мрежни ознаки, еднопикселни GIF слики, чисти GIF слики, невидливи GIF слики и GIF слики 1×1) како помош при испораката на колачиња, односно за испорака на услуги на други компании за огласување. Мрежните ознаки се поставуваат на мрежните огласи / реклами кои доведуваат корисници на мрежните страници на компанијата ЈГЛ д.д. Тие мрежни ознаки се користат за броење на корисниците кои пристапуваат до нашите страници, односно за изработка на статистики за ефективноста на нашите промотивни кампањи (вклучувајќи го броењето на пристапите до одделни страници, собирање информации за прегледаните содржини и сл.).

Поради колачињата и мрежните ознаки што се поставуваат на компјутерот на корисникот, и трети лица кои се наши партнери можат да собираат анонимни, збирни статистички податоци за посетителите кои пристапиле до другис траници. Експлицитно изјавуваме дека ЈГЛ д.д. нема да користи колачиња и мрежни ознаки со цел за собирање лични податоци кои може да послужат за директна идентификација на корисниците, како што се имиња, поштенски адреси, електронски адреси или телефонски броеви.

За дополнителни информации за мрежните ознаки и колачиња кои се користат за мрежно огласување, односно со цел за откажување од целното мрежно огласување, посетете ја нашата мрежна страница Network Advertising Initiative.

Услугата Google Analytics  ја користиме соп цел за рационализација на нашите интернет страници: (i) со оптимизација на интернет сообраќајот, т.е. со посетите на интернет страницата на компанијата кои се дел на нашиот деловен систем и, по потреба, (ii) со обединување на содржината и оптимизација на веб страниците. Гугл Аналитикс е услуга што ја дава Google Inc. Google, а којашто опфаќа детални статистички податоци за посетите на веб страниците и местата од кои корисниците им пристапиле и ги мери резултатите од конверзијата и од продажбата. Со помош на колачињата сочувани на вашиот компјутер, Гугл Аналитикс анализира на кој начин корисниците ги употребуваат нашите интернет страници.

На податоците за употребата на нашите интернет страници кои се собираат со помош на колачињата, вклучувајќи ја и вашата ИП адреса, се применуваат алгоритни кои гарантираат анонимност на корисникот, а податоците се испраќаат на серверите на Гугл во САД. Повеќе информации за тоа не кој начин се сокрива ИП адресата побарајте тука. Гугл за нас ќе изврши обработка на податоците собрани со помош на колачиња со цел да го оцени начинот на употреба  и составувањето извештај за активностите на нашите итнернет страници и тие извештаи ќе ни ги испорача за да можеме да ги анализираме.  Гугл има право да ги проследи овие податоци до трети лица во согласност со законските обврски или во случај анализата во име на Гугл да ја спроведува трето лице. Гугл во никој случај нема да ја спојува ниту пак да ја поврзува вашата ИП адреса со другите податоци со кои располага. Во поставките на вашиот интернет прелистувач можете да го оневозможите преземањето и складирањето на колачињата.  За тоа употребете го додатокот на интернет прелистувачот што можете да го преземете тука. Имајте на ум дека во тој случај нема да можете да ги користите сите функции кои се достапни на нашите интернет страници.  При употребата на нашите интернет страници давате одобрение за Гугл да ги собира и обработува вашите лични податоци на претходно опишаниот начин и во претходно наведените цели.

Повеќето услуги достапни на мрежните страници на компанијата ЈГЛ д.д. се наменети за лица постари од 18 години. Лицата кои бараат информации за лековите за примена кај деца мора да бидат постари од 18 години. Без претходно одорбрение на родителите или на старателите нема свесно да собираме, да користиме ниту пак да споделуваме лични податоци на лица помлади од 18 години.  Родителите 1) ќе ги известиме за видот лични податоци кои се собираат од лица помлади од 18 години и 2) ќе им понудиме можност за отповикување на согласноста за собирање, користење и отстапување на личните податоци на нивните деца на трети лица. ЈГЛ д.д. строго се придржува кон сите законски прописи за заштита на малолетници.

Доколку имате прашања или поплаки во врска со овие услови на заштита на личните податоци или би сакале да ни упатите коментари и предлози за подобрување, обратете ни се со електронска порака на адресата jgl@jgl.hr ili osobni-podaci@jgl.hr.