Борба против настинки во тек на бременоста

Кашлање, кивање, назална конгестија … звучи познато? Настинката е заразна вирусна инфекција на носната слузница која се шири преку контакт со заразено лице. Секој што го вдишува вирусот на настинка е изложен на ризик од инфекција. Постојат околу 200 различни вируси кои можат да предизвикаат настинка. Најчестите вируси припаѓаат на една од двете групи: риновируси или коронавируси. Настинката најчесто го напаѓа горниот респираторен тракт. Настинката предизвикува иритација и воспаление на слузницата на носот и грлото, што доведува до типични симптоми на настинка кои вклучуваат назална конгестија или течење на носот, болки во грлото, блага болка во увото, кивање и кашлање, главоболка, насолзени очи, слабост, па дури и висока температура.

Бремените жени се повеќе подложни на вирусни инфекции како што се кашлица, настинка и грип. Понатаму, симптомите што обично ги придружуваат овие болести може да траат подолго од вообичаеното. Ова се случува затоа што за време на бременоста имунолошкиот систем е донекаде ослабен, за да телото не го отфрли нероденото дете (како туѓо тело). Неговата главна цел е да го заштити вашето дете во развој.

За време на бременоста не треба да земате лекови за настинка без рецепт, бидејќи многу од нив содржат состојки кои не се соодветни за бремени жени или доилки. На пример, вообичаените вазоконстриктори ги ублажуваат проблемите со носот, но исто така можат да ги стеснат артериите лоцирани во близина на матката и на тој начин да предизвикаат вашето бебе да прима помалку кислород и крв. Затоа, особено е важно да се избегнуваат лекови во текот на првото тромесечје, бидејќи тогаш се развиваат органите на бебето. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред земање на некој лек.

Најдобро решение за лекување на настинки и грип за време на бременоста е да се избере најприродниот можен начин. Затоа, развивме линија на производи базирани на прочистена морска вода од Јадранско Море, која не содржи конзерванси или адитиви и е произведена според фармацевтски стандарди за стерилно производство, во согласност со европските стандарди за добра производствена практика.

Линијата Aqua Maris нуди целосно безбедно решение за назална конгестија кај бремени жени во форма на природен деконгестив, Aqua Maris Strong. Го отстранува вишокот течност од отечената носна слузница и со тоа го намалува отокот и формирањето на исцедок и овозможува полесно дишење. Aqua Maris Strong го смирува и го одзатнува носот, а бидејќи нема системски ефект, може да го користат деца, бремени жени, доилки и постари лица.

За да го ублажите чувството на непријатност предизвикано од настинка, исто така ви препорачуваме да го зголемите внесот на вода, да јадете здрава и урамнотежена храна, да одморате повеќе и да избегнувате пушење или зачадени  простории, бидејќи тоа дополнително ги иритира дишните патишта. Исто така, за да го ограничите ширењето на вируси на грип и настинка, потребно е да се одржува и хигиена.

Назална конгестија кај доенчиња и мали деца

Нормалното дишење е исклучително важно за здрав сон, хранење и развој на доенчињата. Назалната конгестија е вообичаен проблем што предизвикува иритација и несоница кај доенчиња и мали деца. Изотоничната морска вода е погодна за употреба од раѓање и е наменета за секојдневна хигиена на носната празнина пред доење или хранење со шише, но и за болести поврзани со горниот респираторен тракт, што го отежнуваат дишењето преку нос. Изберете еден од нашите производи наменет специјално за деца, Aqua Maris Baby капки (10 ml) или Aqua Maris Baby спреј (50 ml) за да му овозможите на вашето дете да спие подобро, да јаде полесно и да дише природно.

Природно решение за ОРЛ проблеми

Aqua Maris се темели врз признатите медицински придобивки од морската вода за респираторното здравје. Нашата производна линија е наменета за специфичните потреби на доенчињата, децата и возрасните и овозможува ослеснување на проблемите со дишењето, ја зајакнува одбраната на телото од настинки и грип и помага во регулирање на проблемите со синуси, алергии и ринитис. Бидејќи производите на Aqua Maris се внесуваат во човечкото тело – вклучително кај доенчиња и деца – чистотата и нежноста на производите се од клучно значење.

Пробајте ги и другите 100% природни производи Aqua Maris® за да ги решите проблемите со носот и грлото!


References

  1. Waller et al. Maternal report of fever from cold or flu during early pregnancy and the risk for noncardiac birth defects, National Birth Defects Prevention Study, 1997–2011. Birth Defects Research. 2018. Volume 110, Issue 4. Pages 342-351
  2. Garavello et al. Nasal Lavage in Pregnant Women with Seasonal Allergic Rhinitis: A Randomized Study. Int Arch Allergy Immunol 2010;151:137–141
  3. Chirico et al. Nasal congestion in infants and children: a Literature review on efficacy and safety of non-pharmacological treatments. Minerva Pediatr. 2014;66:549-57
  4. Coates et al. Nasal Obstruction in the Neonate and Infant. cpj.sagepub.com Florida International Univ. 2015
  5. Chen et al. The effectiveness of nasal saline irrigation (seawater) in treatment of allergic rhinitis in children. International Journal of Pediatric Otorhinolaryngology 78 (2014) 1115–1118
  6. Koksal et al. Comparison between the use of saline and seawater for nasal obstruction in children under 2 years of age with acute upper respiratory infection. Turk J Med Sci (2016) 46: 1004-1013
  7. Šlapak et al. Efficacy of Isotonic Nasal Wash (Seawater) in the Treatment and Prevention of Rhinitis in Children. Arch Otolaryngol Head Neck Surg. 2008;134(1):67-74