Aqua Maris во светот

Бренд од доверба

Aqua Maris е бренд кој цврсто се темели врз стручните знаења од областа на фармацијата, на кои може да веруваат педијатрите, матичните лекари, фармацевтите, оториноларинголозите… Нашите стручни соработници се експерти во областа на медицината и фармацијата, а водечки експерти во областа на медицината помагаат во истражување на терапевтските придобивки од нашите производи и информираат за резултатите од тие истражувања.

Успехот на Aqua Maris и неговото меѓународно присуство

Брендот Aqua Maris беше лансиран во 1999 година во Хрватска, а во рок од две години беше присутен на шест пазари, вклучувајќи го и огромниот руски пазар.

Портфолиото на брендот е проширено почнувајќи од еден производ, спреј за нос Aqua Maris, до целосен асортиман на производи за грло и нос. Денес, овој оригинален хрватски бренд е присутен во повеќе од 30 земји на 3 континенти.

Со над дваесетгодишно искуство во продажба и промоција на производи базирани на морска вода, со гордост истакнуваме дека во средината на 2020 година остваривме продажба од 200 милиони пакувања, што е навистина импресивна бројка. Континуираното подобрување на нашите производи, посветеноста на квалитетот и соработката со експерти за едукација на пациентите, ни овозможија  респектабилно место меѓу најголемите светски производители на препарати базирани на морска вода.

Природна моќ на Јадранското Море. За секого. Секој ден.

Aqua Maris е наменет за секојдневна употреба, дома и во движење. Линијата на производи е посебно наменета за самостојна грижа за здравјето на постари деца и возрасни , за родители за нивните доенчиња. Квалитетот на производите Aqua Maris се базира на морската вода која прочистува и лекува, дава свежина секој ден и е незаменлив дел од модерниот и здрав начин на живот!

Aqua Maris, зајакни ги сетилата!


References

  1. Chkhartishvili et al. Nasal Disease Management by Using Aqua Maris Solution. Annals of biomedical research and education 2004. Volume 4, Issue 4